ЛЕТЕН ХИТ-Најомилениот овошен колач…Брзо и едноставно со малку состојки..Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 јајце
100 г шеќер
8 г ванилин шеќер
кора од лимон
140 г путер омекнат
300 г брашно
10 г прашок за печиво

За крем:
400 мл млеко
2 жолчки
5 лажици шеќер
8 г ванилин шеќер
3 лажици пченкарен скроб
3 лажици кисела павлака или маскарпоне
30 мл сок од лимон

И уште:
800 гр праски во сируп
белки/сечкани бадеми

ПОСТАПКА:

1.Јајцето изматете фо шеќер и ванила, па додајте го омекнатиот путер, брашното и прашокот за печиво. Замесете со рака. Ќе добиете меко тесто кое лесно се обликува со рака. Поделете го на два дела.

2.Едниот дел од тестото распоредете го на дното од намастен (со путер) калап 25 см и избоцкајте го со виљушка. Вториот дел оставете го во фрижидер.

3.Во млекото помешајте жолчки, шеќер, ванила и скроб, па доведете до вриење и мешајте додека да згусне. Додајте павлака или крем сирење па соединете и на крај вмешајте малку лимонов сок.

4.Кремот сипете го врз првата кора, а врз кремот наредете праски од компот.

5.Вториот дел од тестото ставете го помеѓу 2 листа хартија и со оклагија развлечете тенка кора. Поставете ја врз колачот.

6.Одозгора премачкјате со белки и посипете снегулки од бадеми, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

7.Печениот колач посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/ochqedjm_jA?si=tDnS2EXMlu22_8M7