Потребни состојки:

1 кг меко брашно

300 мл густ јогурт

50 мл масло (сончогледово или пченкарно)

350 мл млако млеко

2 цели јајца + 1 жолчка

40 г свеж квасец

2 големи лажици шеќер

1 голема лажица сол

За фил:

300 г сирење

1 белка

Постапка:

Во млако млеко растопете го квасецот со шеќер, сол, масло и разматени јајца. Брашното просејте го, направете вдлабнување, па истурете го јогуртот и полека додавајте го млекото. Замесете тесто, покријте го и оставете го во фрижидер најмалку 1 час а може и повеќе.

Ова тесто може да седи со часови и денови, а постапката е иста како за „лудо тесто“. Тоа убаво ќе порасне во фрижидер.

Кога сакате да ги правите пирошките, само земете од него без премесување, развијте кора со дебелина од 1 см, исечете квадрати со величина по ваша желба, премачкајте малку со вода, промешајте сирење со белка па филувајте.

Спојте ги краевите со прсти. Пирошките пржете ги во длабоко масло околу 3-4 минути, па вадете ги и ставајте ги на хартиена салветка за да се исцедат. Овие пирошки однадвор се крцкави, а одвнатре се меки.

Послужете со јогурт, кисело млеко…