Наполен тортата е познат светски десерт, а се приготвува од голем број на тенки корички премачкани со вкусен крем од ванила. Поради тоа многумина ја нарекуваат и „торта со сто слоја“.
Секој залак од оваа торта се топи во уста, а ако сакате да го збогатите вкусот со мирисен крем од ванила, додајте кокосови снегулки и ќе стане уште повкусна и поубава, дури и од познатото Рафаело. Наполеон тортата е одеална за сите видови прослави, а постапката за приготвување не е комплицирана. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г лиснато тесто (готово-купечко или домашно направено), 200 г крем сирење, 400 мл млеко, 6 жолчки, 120 г шеќер, 50 г скроб/нишесте/густин, 1 лажичка екстракт од ванила, 50 г путер на собна температура, 100 г кокосови снегулки
ПОСТАПКА: Лиснатото тесто одмрзнете го, малку развлечете го со оклагија, па ставете го во плех обложен со хартија за печење. Исечете го на три еднакви делови со облик на долгнавести правоаголници, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-тина минути.
Готовото тесто малку со рацете притиснете го, од површината соберете „трошки“ за декорација, па секој дел со рацете разделете го, така да добиете две еднакви половини. Треба да добиете шест кори со облик на правоаголник. Додека корите се ладат, пригответе го вкусниот крем:
Во тенџере сипете го млекото и вклучете го шпоретот да се загрее на умерена температура. Во еден сад помешајте ги жолчките, шеќерот и скробот, па добро изматете за да се изедначат во мазна смеса без грутчиња.
Смесата полека сипете ја во загреаното млеко и варете со непрекинато мешање сè додека да ја постигне посакуваната густина. Добиениот фил претурете го во друг сад, додајте екстракт од ванила и путер на собна температура, па мешајте додека тој се растопи и апсорбира во кремот.
Покријте го садот со проѕирна-стреч фолија или кеса (за да не фати коричка на површината) и оставете да се лади еден час на собна температура. Во посебен сад изматете го крем сирењето, па додајте го во оладениот фил и заедно изматете ги со миксер за да се соединат.
Потоа додајте го кокосовото брашно (снегулки) и бавно промешајте со лажица или кујнска шпатула за да се распореди рамномерно. Врз десертна чинија ставете една кора, па премачкјате ја со фил и така редете додека да го потрошите целиот материјал.
На крај целата торта премачкјате ја со фил. Оставете ја во фрижидер да се олади еден час. Декорирајте ја со трошки кои останале од печените лиснати кори и кокос. Наместо трошки можете да употребите мелени бисквити. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.