Фото и рецепт: Живка Дабиќ

За да добијам 15 кг исчистени и исцедени пиперки, ми беа потребни приближно околу 30 кг свежи пиперки. Измијте ги добро, избришете ги, испечете ги на плотна, а потоа излупете ги и исчистете ги од семето, па исцедете ги преку ноќ.

Потребни состојки:

15 кг испечени, излупени и исцедени пиперки
1 литар масло
4 лажици есенција
6 лажици шеќер
6 лажици сол или по вкус
2 кг лути пиперки по желба (претходно исчистени)

Постапка:

Во големо тенџере за правење ајвар ставете 15 кг исчистени и сомелени пиерки. Кога ќе почне да врие додадете еден литар масло претходно загреано.

Убаво соединете со постојано мешање, додека маслото целосно да се впие во пиперот. Потоа додадете 4 лажици есенција, 6 лажици шеќер и 6 лажици сол, односно по желба посолете.

Ова треба да врие се додека убаво да се зготви, а за тоа му се потребни околу 2 часа. Бидејќи ние го сакаме малку лут ајварот, јас ставив и 2 кг лути пиперки.

Врелиот ајвар се полни во врели тегли и веднаш се затвораат со метални капаци. Теглите се врачаат во рерна на 200 степени и веднаш се ислучува. Тука остануваат додека целосно да се изладат.

Фото и рецепт: Живка Дабиќ