Лесен рецепт за КРЦКАВ БУРЕК со кори за баклава…Секоја кора ја посипувам со 1 лажица брашно, а од премазот добива преубава боја…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

900 г кори за баклава
За премачкување:
125 г путер
1 мала чајна чаша масло (125 мл)
За попрскување:
брашно или скроб
За фил:
250 г ситно сирење
малку сечкан магдонос

ПОСТАПКА:

1.Прво растопете го путерот, додајте 1 чајна чаша масло и измешајте.

2.За фил: со вилушка издробете го сирењето и помешајте го со сечканиот магдонос.

3.Врз работна површина отворете ги корите, земете 2 кори, а остатокот покријте го за да не се суши. Премачкјате ја едната кора со приближно 1,5 лажица маснотија.

4.Потоа посипете ја одозгора со една полна до врв лажица брашно (просеано преку цедалка за чај). Ова ќе ги направи корите како да се домашни.

5.Преклопете со втората кора, премачкјате ја одозгора со маснотија, па на пократката страна распоредете го филот.

6.Внимателно свиткајте го ролатот, но внимавајте да не го стискате премногу, но да не се ниту премногу растресити..

7.Подготвените печива наредете ги во плех претходно намастен. Сите ролнички премачкјате ги одозгора со масло за да бидат покрцкави. Препорачувам да се премачкаат само со масло и ништо друго.

8.Исечете ги на парчиња со големина по желба и печете ги во загреана рерна на 200 степени. После 5 минути намалете на 180 степени и продолжете со печење додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.