Фото и рецепт: Верица Николиќ

Потребни состојки:

280 г брашно

100 г презла

160 г пченичен гриз

400 г шеќер

1 прашок за печиво

100 г лешник (ореви или бадеми)

½ кесичка цимет или по вкус

За фил:

2 кг киселкасти јаболка

За преливање на питата: 250 г маргарин или путер

Постапка:

Лешниците (оревите или бадемите) ставете ги во рерна малку да се испечат за да добијат посилна арома. Кога ќе изладат сомелете ги. Мерката за јаболка е дадена за неисчистени јаболка. Измијте ги добро, излупете ги, изрендајте ги на крупно ренде и поделете ги на два еднакви делови.

Во подлабок сад соединете брашно, презла, гриз, шеќер, прашок за печиво, мелени лешници и цимет. Оваа смеса поделете ја на три еднакви делови.

Плех со величина 35х20 см намастете го со маргарин (или путер) дното и ѕидовите, па рамномерно истурете една третина од смесата. Со лажица нежно израмнете. Одозгора распоредете половина од ваболката (не се цедат). Потоа истурете ја втората третина, па остатокот од јаболката и последната третина.

Маргаринот растопете го и со лажица прелијте го рамномерно врз питата.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 степени. Кога површината ќе добие благо румена боја, питата прекријте ја со алуминиумска фолија и продолжете со печење.

Печената пита (пробајте со чепкалка дали е печена) извадете ја од рерна и оставете целосно да излади. Потоа сечете на коцки и послужете. Питата може по вкус да ја наросите со шеќер во прав.

Фото и рецепт: Верица Николиќ