Маслинов лист, Седефче (Рута), имела и лук и ден денес се користат како народни лекови за лекување на артериосклероза, несвестица, проблеми со срцето и некои нервни болести.
Порано луѓето секој ден јаделе лук за да се заштитат од колера и тифус.
“Кога бев војник, баба ми постојано ми испраќаше сланина и лук на фронтот и никогаш не бев болен. Лукот е добар за сите болести, а особено е добар да се јаде наутро на гладно срце заедно со кисело млеко”, раскажува стариот П.Смиљаниќ од Кач.
“Нема стомачна болест и дијареа која не можат да се излекуваат со лук и дабова кора. Кората од млад даб цел ден се вари, се процедува и се пие помешано со млеко”, тврди овој планински човек.
Лукот го користат и за лекување на органите за дишење; штом некој започне да кива и кашла, старите веднаш му велат да почне да јаде лук: Истолчен лук се меша со оцет или со мед, па таа смеса на болниот му се става на табаните од стапалата и често се менува, штом лукот го изгуби мирисот. Од истата смеса му се дава и на болниот малку да изеде.
“Во градовите знаат дека лукот се употребува за лекување на срцето и крвните садови. Го употребуваат на различни начини за готвење на различни сосеви, спанаќ и други јадења. Лукот може да се чува потопен во ракија 10-тина дена и после да се користи како капки, исто како лек купен во аптека”, вели овој човек.
Маслинов лист, Седефче (Рута), имела и лук и ден денес се користат како народни лекови за лекување на артериосклероза, несвестица, проблеми со срцето и некои нервни болести може да се лекуваат со лук.
Против главоболка, несвестица, гадење кај бремени жени се употребува овој лек: Истолчен лук и лист од коприва се меша со оцет. Ова е добро да се мириса и да се тријат слепоочниците, вратните жили, рамењата, вратот и целото тело, да се става на глава, табаните и дланките.
Кога некој многу ќе настине ќе го фати дожд и ветер на нива, па го боли целата глава и тело, тогаш со оваа смеса треба целото тело да му се истрие до вцрвенување, а потоа да се премачка со масло, добро да се затопли и да му се даде половина литар топло варено вино со црн пипер и да се препоти во постела.
За главоболка: две раце лук се толчи и се меша со вински оцет. Се натопуваат две крпи и му се ставаат на болниот на темето и на телото, му се тријат слепоочниците и вратот и му се става под нос да вдишува.
Со лукот се лекуваат органите за варење, особено за неуредна столица. Овчарите, сточарите и полсите работници, особено за врелите летни жеги, салатата од краставици со лук и кисело млеко ја сметаат за најздравата храна. Летно време не треба да се јаде сланина.
За цреви паразити: Големи три главици или 9 помали (тројство, или три или 3х3 за да биде лек), се чисти и се толчи со две полни раце семки од тиква. Се прелива со вински оцет и масло, па наутро се јаде целото одеднаш. После половина час се пие што повеќе расол. Ако главата од пантличарката не излезе, истиот лек на ист начин треба да се повтори преку 2-3 дена. На деца им се даваат помали количини од овој лек.
За заболен црн дроб секој ден треба да се јаде помалку лук и сланина (за појадок, ручек и вечера). За да не се здосади јадењето, на болниот треба да му се дава и кисело млеко. Ова важи за зимно време, а летно време треба да пие чај од ајдучка треба и да јаде салата од краставици со лук и кисело млеко.
“Ние овчарите малку јадеме варени јадења зошто цел ден сме надвор. Живееме од леб, сланина, лук и кромид. Цел век сме пред овците, па многу од нас не можат ни млекото да го пијат.”
Посните јадења секогаш се зачинуваат со многу лук, особено гравот. Пивтиите без лук не се прави пивтии (пача). Колбасите и другите вакви производи, чорба од риба и слично, секогаш содржат лук.
Адаптирани извадоци од книгата “Лекување со билки” од академикот проф.д-р Јован Туцаков.