За третман на кашлицата, природата ни нуди голем број моќни лекови чии рецепти порано многу често се користеле, а денес полека луѓето ги забораваат и забораваат дека тие воопшто постојат.




Досега на НМД објавивме голем број природни лекови кои ни ги откривте вие, читателите, а за многумина од нив добивме позитивни реакции со одлични резултати. Денес ќе ви откриеме еден исто така стар, подзаборавен лек кој се приготвува со лутиот корен наречен рен.




За да бидете здрави и да се ослободите од кашлицата, не мора да одите во Тибет или да користите зачини или печурки чии имиња не можеме дури ни да ги изговориме. Моќното растение кое можете да го користите во текот на целата година и кое ја подобрува општата состојба на целиот организам е скапоцениот рен.




Овој лут корен, кој се спротивставува на секоја модна иновација во светот на фармацијата, содржи важна состојка, сингрин, но и кумарини, феноли, есенцијално масло, аспарагин, пероксидаза, смола, скроб и сахариди. Сè она што може да се спакува во шарените капсули од аптеката.




Купете рен од пазарот, измијте го добро под млаз ладна вода, излупете убаво и отстранете ја нечистотијата од него, па подгответе го според овие рецепти.




Чај за чистење на белите дробови – Со двесте милилитри врела вода прелијте десет грама рендан корен од рен и оставете да отстои неколку минути. Вака подготвениот напиток треба да се пие два до три пати на ден во мали чаши.




Против астма, замор и отеж-нато д ишење – Астматичарите можат да ги ублажат проблемите ако зготват четири лажици рендан рен со чаша јаболков оцет. Кога ќе омекне ренот, треба да се процеди, а во добиената количина да се додаде иста количина мед.




Добиената смеса варете ја на многу тивок оган додека малку да згусне, а потоа оставете ја кашата да се излади. Вака добиениот лек се зема наутро и навечер.

Ако имате потешкотии со д ишењето и кашлате, секое утро на празен стомак треба да земате по една чајна лажичка рендан рен измешана со лажичка мед. Терапијата трае еден месец.