Смесата содржи само природни состојки кои изобилуваат со витамини и минерали, а покрај тоа е вкусна.

Треба точно да се дозира и редовно да се консумира. Со помош на овој препарат ќе го изградите и зајакнете вашиот имун систем и ќе направите заштитна бариера од вирусни инфекции.

Во продолжение на текстот прочитајте ги двата рецепти, едниот за деца и вториот за возрасни.

Иако во аптеките можете да се снабдите со разно-разни препарати и додатоци за јакнење на имунитетот, сепак природните и домашно подготвените средства се незаменливи, бидејќи се лесно достапни и многу ефикасни.

Доколку сакате да го подобрите вашиот имунитет и имунитетот на вашите деца, ви ги предлагаме следните рецепти:

ЗА ДЕЦА

Потребни состојки:

100 г суво грозје
150 г ореви
100 г бадеми
Кора од два лимони
Сок од два лимони
100 г суви кајсии
100 г суви сливи
250-300 мл мед

 Постапка:

Смелете го јаткастото овошје и изрендајте ја лимоновата кора. Во мешавината додадете го сокот од лимоните, измешајте, па потоа додадете го сувото овошје кое претходно сте го исечкале.

На крај, додадете го медот и повторно измешајте. Смесата складирајте ја во стаклени тегли. Оставете да отстои 1-2 дена на темно и суво место. Потоа чувајте во фрижидер.

На деца од 3 до 5 години давајте по една чајна лажичка дневно пред било кој оброк, а најдобро пред појадок. На деца постари од 5 години давајте по две лажички дневно, пред оброк.

ЗА ВОЗРАСНИ

Потребни состојки:

200 г суви кајсии
200 г суви сливи
200 г суви смокви
200 г ореви
Кора од еден лимон
50 мл коњак или ракија
250 мл мед

ПОСТАПКА:

Измелете го сувото овошје и лимоновата кора (или изрендајте ја), измешајте, па додадете го коњакот или ракијата и медот, па повторно измешајте. Смесата складирајте ја во стаклена тегла која ќе отстои на суво и темно место 2 дена. После тоа чувајте во фрижидер.

Употреба: по една супена лажица пред оброк, најдобро пред појадок.