Оваа лековита ракија се користи за намалување на нивото на шеќер во крвта, ја прочистува крвта, против песок во бубрези и низа други болести.

Потребни состојки:

1 литар силна, овошна ракија
50 г свежи листови од коприва
10 мали зелени оревчиња

Постапка:

Во поголема стаклена тегла ставете ги убаво исчистените листови од коприва, оревчињата пресечени на половина и прелијте со ракија.

Теглата добро затворете ја и оставете ја 7 дена да отстои на сонце.

Се пие по една мала ракиена чашка наутро, пред појадок и една после вечера.

Одамна е позната лековитоста на копривата и младите оревчиња.

Оваа ракија е добра за низа болести. Копривата:

-ја прочистува крвта и го зголемува бројот на црвените крвни зрнца;

-дезинфицира рани,

-спречува појава на песок во бубрези,

-лекува главоболка,

-го намалува нивото на шеќер во крвта,

-лекува заболен црн дроб,

-жолчка, слезина,

-грчеви и останати желудечни проблеми, како и

-стегање на крвните садови.

Младите оревчиња го засилуваат нејзиното дејство и помагаат за подобра функција на штитната жлезда.