ЛЕКОВИТА КОМБИНАЦИЈА ОД бадеми, бел слез и суви смокви – најдобар лек за кашлица, без разлика дали станува збор за сува или продуктивна, со слуз.
По прележан вирус, настинка или некое друго сезонско заболување, кашлицата е единствениот симптом кој доколку не се лекува навремено, може да предизивика сериозни последици по здравјето. Најчесто кашлицата останува и кога сосем ќе оздравиме, а тоа се должи на неисчистените бели дробови од ток сини.
Овој проблем најдобро се решава со природни билки, кои се наменети за исфрлање на слузта, но и за болното грло. Едно растение се издвојува кога станува збор за овој проблем, а тоа е белиот слез.
Белиот слез е тревно растение и традиционално се користи за лекување на респираторни проблеми. Сепак, малкумина знаат како правилно да го подготват лекот од оваа билка.
Основното правило за секој вид кашлица е да се обидете да спречите понатамошна иритација и кашлање со цел да спречите понатамошно ош тетување на слузокожата. Белиот слез во медицината се смета за едно од најдобрите средства за обложување на слузокожата.
Има антивоспалителен ефект благодарение на големата количина на слуз, а тоа може да го забележите по подготвувањето на чајот, кога слезот останува „леплив“ буквално како бронхијалната слуз.
Меката структура на слезот овозможува да се исфрли густата, наталожена слуз, да ги заштити белите дробови и да ги ублажи иритациите. Затоа белиот слез е еден од најчестите хербални лекови што се користат за ублажување и олеснување на кашлицата.
Во респираторниот систем, екстрактот од ова растение ги намалува гpчевите во мускулите и ја обложува слузокожата (мукозни мембрани), со што ја смирува сyвата иpитиpачка кашлица.
Чајот од бел слез има корисен ефект при хронична кашлица, инфекции на грлото, бронхитис и инфекции на белите дробови. Исто така, се препорачува како лек за бронхијална астма и почетна белодробна тyберколоза.
Чајот од кора од бадеми е исто така многу ефикасен лек за кашлица. Сувите смокви и лимони се богати со минерали и помагаат при лекување на воспалени дишни патишта. Следниот рецепт за сируп е најсилната и најдобрата комбинација во бор бата против кашлица и б олки во грлото. Особено погоден е за деца, бидејќи има пријатен вкус.
Потребни состојки: 1 кг шеќер, 8 суви смокви ситно исечкани, 2 лимони исечкани со се кора (по можност органски), 1 грст лушпи од тврд бадем, 1 пакување бел слез (мешавина од лисја, стебленца и корен), 800 мл вода.
Постапка: Прво се подготвува белиот слез, и најважно е да се зачува што е можно повеќе од слузта. За да го постигнете ова, треба да ја натопите сувата билка во ладна вода што е можно подолго да отстојат околу 5 – 6 часа.
Високата температура ја pаcпаѓа структурата на слузта и повеќе не може ефикасно да се прилепи кон слузокожата. Хемискиот состав се менува и добивате само мал дел од лековитиот ефект.
Белиот слез се подготвува со натопување во 300 мл ладна вода и оставање да отстои 5 – 6 часа. Потоа процедете и загрејте до млака температура. Растопете го шеќерот во 500 мл вода, а истовремено додајте ги лушпите од бадеми, исечканиот лимон и смоквите. Оставете да зоврие неколку минути и потоа почекајте да се излади.
Кога ќе достигне млака температура, добро процедете го и додајте го чајот од бел слез. Се чува во стаклени тегли во фрижидер. Поради шеќерот, овој сируп има подолг рок на траење.
ДОЗИРАЊЕ: Возрасните конcyмираат по една лажица, а децата по една мала лажичка, трипати на ден за двете возрасти. Можете да го замените шеќерот од овој рецепт со 1 тегла мед.
Во овој случај, сирупот ќе биде на поприродна база и треба да се испие побрзо. Медот е секако поздрава опција, но шеќерот подобро го конзервира и сирупот станува погуст. Доколку го правите сирупот со мед, направете помала количина од сирупот за да можете побрзо да го потрошите.