Ликер од дренки – Домашна овошна ракија, освен што содржи витамини има и многу пријатен вкус. Ова е многу вкусен напиток од дренки – ликер од дренки кој се приготвува со ракија или вотка.
Ликерот е благ ал.кохолен пијалак со многу пријатна арома. Освен што е здрав бидејќи содржи неверојатна количина на витамини, тој е вистинско освежување за секоја пригода. Кога еднаш ќе го пробате, ќе го користите често.
Потребни состојки: 1 кг зрели дренки, 1 кг шеќер, 2 литри вода, 1 литар ракија.
Постапка: Во два литри вода ставете шеќер и мешајте додека целосно да се растопи. Потоа додајте ги дренките (неколку плодови одвојте на страна) и сето заедно ставете на оган да се свари.
Гответе на тивко додека плодовите да омекнат, па тргнете на страна и оставете да излади. Процедете ја смесата и во течноста додајте 1 литар ракија. Добиениот ликер складирајте го во стаклени шишиња и во нив ставете по неколку дренки кои претходно ги одвоивте.
II РЕЦЕПТ: Лековит ликер од рогач за желудник и дебело црево. Рогачот е многу лековит, отсекогаш се користел како лек за проблеми со дигестивниот систем, а ова е еден рецепт за ликер, кој освен што плени со аромата и вкусот, тој е и многу лековит.
Потребни состојки: 1 литар лозова ракија, 250 г шеќер, 6-7 мешунки рогач, 1 мешунка ванила, 2 ванилин шеќер.
Постапка: Мешунките од рогач убаво се мијат и се сечат на парчиња со големина од 2-3 цм. Во шише со поголем отвор (или голема стаклена тегла) се става ракијата, се додава шеќерот, ванилин шеќерот, мешунката од ванила и сечканиот рогач.
Добро се затвора, се остава неколку денови да отстои на сонце или на топло, и секојдневно се протресува за да се растопи убаво шеќерот. После неколку дена, ликерот ставете го на некоја полица и “заборавете” на него најмалку 40 дена. После овој период можете да го процедите.
Напомена: Колку подолго стои рогачот во ракијата, толку ликерот е подобар. Можете да го користите како арома за колачи или овошни салати, а кај нас дома најмногу се користи како лек за желудник.
II РЕЦЕПТ: Ликер со рогач, толку е вкусен и лековит, што заборавив на б олката во желудникот
Потребни состојки: 12 мешунки рогач, 1 литар домашна лозова ракија 1 лимон, 150 г шеќер, 1 ќесичка ванилин шеќер.
Постапка: Мешунките убаво измијте ги и засечете ги на неколку делови. Во поголема стаклена тегла или шише со широк отвор ставете го исечениот рогач. Лимонот убаво измијте го и исечете го на тркалца или парчиња, па и него додајте го во рогачот.
Додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер, па на крај прелијте со лозова ракија. Обично приготвувам со 5 литри ракија, а заедно со лимонот додавам и портокал, а ако имам и некое стапче ванила.
На 1 литар оди околу 100-200 г шеќер, во зависност од тоа колку сакате да ви биде благ ликерот. Се остава да отстои 1,5 – 2 месеци, па се процедува и складира во стаклени шишиња.
III РЕЦЕПТ: Оревовача со најдобар вкус, здрав и одличен ликер за јакнење на одбранбениот систем. Фото и рецепт: Душка Д. Под рецептот има видео за постапката на приготвување на ликерот.
Потребни состојки: 1 литар ракија (комова), 2 ќесички ванилин шеќер, 350 г шеќер, 10 зелени оревчиња, 1 тегла.
Постапка: Во стаклена поголема тегла ставете ги оревчињата кои претходно сте ги преполовиле. Носете заштитни ракавици за да не си ги обоите рацете. Во теглата со оревчињата додајте го ванилиниот шеќер, шеќерот и ракијата.
Затворете ја добро теглата и оставете ја да стои 40 дена на сонце со секојдневно промешување или протресување за да се растопи шеќерот. Ликерот од ореви, уште познат и како оревовача, во народната медицина веќе со години се користи како природен лек за штитната жлезда и дигестивни проблеми.
Рецептот за негово приготвување може да се најде во манастирските записи, бележниците на старите билкари, како и во хрониките на некогашните аристократски куќи, бидејќи со векови служел како универзален тоник за здрав стомак.
И денес за многумина претставува „прва помош” за желудочни проблеми и како природен лек против анемија и јакнење на кр-вта. Се приготвува овој период од млади, сè уште зелени оревчиња. Недозреаните плодови од орев со мека средина, се природно богатство на витамин Ц и јод.
Освен витамин Ц и јод, оревите содржат повеќе од 50% на масла, незаситени масни киселини, белковини, аминокиселини, минерали, јагленихидрати и во мали количества од витамините Е и Б6. Фото и рецепт: Душка Д.