SYRINGA VULGARIS L.

ЈОРГОВАН

НАРОДНИ ИМИЊА: арган, син јоргован.

ФАМИЛИЈА: Oleaceae.

ОПИС:

Јоргованот е дрво високо и до б метра. Листовите се јајцевидни, кон врвот заострени, на рабовите се цели и co лисна дршка.

Цветовите се хермафродитни, по боја виолетови, розеви, бели или црвени собрани во сложени гроздовидни соцветија co пријатна миризба.

Плодот е топчест co светлокафеава боја и има 2 семенки. Јоргованот како дрво самоник поретко се среќава. Најмногу го има како украсно растение по домашни дворови и паркови.

BPEME HA ЦВЕТАЊЕ: од април до мај.

СОБИРАЊЕ:

Од јоргованот се собира цветот и листот во време на цветање во убаво и сончево време. Цветовите се сушат во сенка или во сушилница на 35 °Ц, а листот при 45 °Ц.

Цветовите се чуваат 1 година, а листовите 2 години.

ХЕМИСКИ СОСТАВ:

Цветот содржи етерично масло, гликозид сирингин, сирингопикрин, форнезол, органски киселини и др.

Листот содржи гликозид сирингин, витамин Ц и други неиспитани соединенија.

Употреба:

Јоргованот ја намалува температурата и ја стимулира секрецијата на желудникот, a co тоа се подборува варењето на храната.

Лековитото дејство се должи на присуството на горчливите материи од гликозиден тип и на алифатичен сесквитерпен форнезол, како и на присуството на аскорбинска киселина.

Се препорачува и како средство за зголемување на апетитот и регулирање на менструацијата.

Чајната напивка се приготвува на следниот начин: 1 супена лажица од листот или од цветот се залева со 500 мл. зовриена вода и се остава да кисне 1 час. Се пие по една чајна шолја пред јадење неколку пати на ден.

Јоргованот е симбол на љубовта, го има во речиси секоја градина, но дали знаевте дека е лековит? Еве кои лекови можете да ги направите со него.

ПРОТИВ РЕУМА

Свежи цветови од јоргован ставете ги во тегла, налејте масло преку нив, затворете и оставете на сонце 15 дена. Со ова масло масирајте ги заболените делови од телото и ставајте облози.

Помага и во случај при пречки во дигестијата, па со него се масира стомакот.

ПРОТИВ ОТОЦИ НА НОЗЕ

50 грама иситнет цвет од виолетов јоргован

50 г лист од бршлен

50 г цвет од див костен

1 литар маслиново масло

Сите состојки ставете ги во стаклена тегла или шише, затворете и оставете во топла соба 30 дена, со повремено протресување.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ВАРЕЊЕТО

Пола грст цветови од јоргован прелијте со 1 литар зовриена вода, оставете поклопено 1 час, потоа процедете, засладете и пијте 2 до 3 шолјички дневно.

НАМАЛУВАЊЕ НА ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА

Пола грст сув лис од јоргован прелијте со 1 литар зовриена вода, оставете поклопено 1 час, потоа процедете и пијте 2 до 3 шолјички дневно.

15 до 20 грама плод од јоргован, прелијте со 1 литар зовриена вода, проварете 2-3 минути, оставете да отстои 30 минути, а потоа процедете и пијте по 2 шолјички дневно.

ПРОТИВ ПРЕМОРЕНОСТ – ОТРПНАТОСТ НА НОЗЕ И РАЦЕ

Измешајте по 5 лажици исечкан цвет од јоргован и лист од бел јасен, ставете во 1 литар лута комова ракија, затворете го шишето и оставете на топло 20 дена со повремено протресување.

Потоа процедете и масирајте ги рацете и нозете триапти дневно по 10 минут, по што треба да ги завиткате со волнени крпи и така да мирувате 1 час.

Маслото од јоргован помага при реуми – рецепт

Земете една рака цветови од јоргован и еден литар маслиново масло.

Сувите цветови од јоргованот ставете ги во стаклена тегла и добро затворете ја.

Откако ќе отстои на сончево место 15 дена, со повремено протресување, процедете го маслото низ газа и префрлете го во темно шише. Ова масло треба да се чува на темно место.

Болните места мачкајте ги со масло трипати дневно, а покрај тоа треба да испиете чај од ѓумбир и секако билки од кои ќе бидете повесели и поподвижни.

Јоргован против костобол и таложење на соли

Цветовите од јоргованот се ставаат растресено во полулитарско шише, а потоа се преливаат со 40% алкохол. Шишето се остава 21 ден на темно место, па се процедува.

Се пие по 30 капки трипати дневно пред јадење. Времето на лекување е 3 месеци.

Оваа иста тинктура се втрива во болните места и се прават облоги. Се користи кај болки во коските и при таложење на соли.