Доколку сте активни на Инстаграм, дефинитивно барем еднаш сте налетале на профилот на младата докторка Јована Машиќ. Таа е многу популарна на социјалните мрежи и тоа со добра причина – содржината што ја објавува е многу корисна и едукативна, а сè што кажува е разбирливо и јасно за пошироката јавност.

Д-р Машиќ често зборува за придобивките од исхраната базирана на растенија и ги отфрла митовите и предрасудите поврзани со бројни намирници и видови на исхрана, а неодамна го сврте вниманието на јавноста за тоа што не треба да правиме ако сакаме што подолго да останеме здрави и прави .

Имено, д-р Јована објави кратко видео во кое наведе пет работи кои никогаш не би ги направила како докторка.

АЛКОХОЛ

„Истражувањата покажуваат дека безбедната доза на алкохол е нула. Алкохолот не само што го зголемува ризикот од цироза на црниот дроб, туку е и ризик за разни видови на рак како што се ракот на грлото и ракот на хранопроводникот.

Исто така, го поттикнува развојот на деменција, а не е добро ниту за кардиоваскуларни пациенти“, изјави оваа докторка во својот говор.

ЦИГАРИ

„Тутунскиот чад не само што драстично го зголемува ризикот од развој на рак на белите дробови, туку влијае и на некои други болести. Некои од нив се кардиоваскуларни болести, што значи сите болести поврзани со крвните садови, кои можат да одат дури и дотаму да ви ја ампутираат ногата“, продолжи со своето излагање д-р Машиќ.

ПРЕКРЕМЕНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА СОНЦЕ

„Сонцето е здраво, но ако поминете 10 до 15 минути максимум на најсилното сонце.

ТЕСТОВИ ЗА ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА

„Некој само за џабе ќе ви ги земе парите, овие тестови немаат врска со мозокот“, тврди д-р Јована.

СТАПЧИЊА ЗА УШИ

„Со ушните стапчиња можете само подлабоко да го турнете церуменот, ушната маст што вообичаено се создава во нашиот ушен канал и на тој начин можете да создадете голем проблем“, заклучи д-р Машиќ.

За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „КОГА ГО ИМА ПРЕМНОГУ ВО УШИТЕ – НЕ Е ДОБРО: Исфрлете го целиот ушен восок едноставно и безболно, без употреба на стапчиња за уши“ – ОВДЕ.

КОГА ГО ИМА ПРЕМНОГУ ВО УШИТЕ – НЕ Е ДОБРО: Исфрлете го целиот ушен восок едноставно и безболно, без употреба на стапчиња за уши