Многу често се случува да не го забележат туморот, васкуларните проблеми и некои инфекции кои можат да доведат до сепса и да бидат фатални.
Погрешната дијагноза е најчестата лекарска грешка, но и најсериозната.
Не е познат податокот колку луѓе се оштетени од погрешна дијагноза, но се проценува дека е околу 40 до 80.000 смртни слуачи во америчките болници секоја година поврзано со погрешна дијагноза! Кај нас, во нашата држава, не постои ваква статистика, но проценките се дека бројката исто така, е многу висока.
Некои експерти навистина загрижени од оваа проблематика, започнале истражување и анализа на повеќе од 11.000 пријавени случаи на несовесно лекување, за да откријат за кои здравствени состојби докторите најчесто грешат. Резултатите се објавени во списанието Diagnosis.
“Постојат околу 10.000 болести од која секоја се манифестира со различни симптоми, па може да биде малку обесхрабрувачки ако се зафатите да го решите проблемот со погрешната дијагноза”, рекол д-р Дејвид Њумен Токер, директор на Институтот за успешни дијагнози
“Големата тројка”
Истражувачкиот тим заклучил дека е изненадувачки мал бројот на здравствени состојби поврзани со најчести грешки во дијагностицирањето. Три различни болести кои биле одговорни за најсериозните грешки се: инфекција, васкуларни проблеми и карциноми.
Научниците анализирале колку се сериозни и чести грешките и каде најчесто се случуваат.
Повеќе од една третина од грешките, кои предизвикале смрт или тешки оштетувања, се поврзани со туморите. Погрешната дијагноза кај васкуларните проблеми се случува кај 22% од случаите, а 13,5% кај инфекциите. “Големата тројка” научниците ја поделиле на 15 специфични состојби и на самиот врв е карциномот на бели дробови, мозочниот удар и сепсата. На списокот се најдоа и срцевиот удар, меланомот, карцином на простата и дојка.
“Овие резултати ни помогнаа да направиме “мапа” за да можеме полесно да сфатиме кои проблеми мора да се решаваат во медицинскиот систем”, заклучил Њумен Токер.