Рецепт: Мартин Најдовски

За читателите на НМД билкарот Најдовски овојпат сподели еден многу ефикасен метод за подобрување на плодноста кај жените. Како што тој вели, лекот има одлични резултати кај жени што се обидуваат да забременат и има дадено многу дечиња.

Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот или чаевите, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

“Јас лично приготвувам лек за плодност кај мажи и жени кој само од една доза (една тегла) може да даде резултати. Но, тој ми е оставен во аманет и лично јас го приготвувам.

Следниот лек што ќе го прочитате подолу, за тинтурата и чајот што ќе ви ги откријам, исто така јас ги подготвувам. Но, сега луѓето можат и сами да си ги прават, бидејќи се испробани и можам да ви кажам дека многу дечиња се родени од нив” – вели Најдовски.

Лековита тинктура и женски чај

Очајница важи за лековита билка која и денес наоѓа широка употреба во секое домаќинство. Порано жените кои имале проблем со зачнување, својот “очај” го лекувале со оваа билка.

Освен за решавање на овој проблем, билката помага и кај настинки, астма, бронхитис, а исто така благотворно делува и при несоница, но служи и како облога за брзо зараснување на рана.

ТИНКТУРА ЗА ПЛОДНОСТ

Потребни состојки:

1 литар ракија
100 г Очајница

Постапка:

Билката се става во еден литар ракија и се остава 15 дена со повремено протресување. Потоа се процедува и се складира во стаклен сад.

Употреба: 15 капки во чаша вода, трипати дневно, во текот на три месеци со повремени паузи, во комбинација со женскиот чај (од кој е одземена билката очајница). Доколку се пие само чајот, тогаш во него се додава и очајница.

ЖЕНСКИ ЧАЈ

Потребни состојки:

100 г ајдучка трева
50 г бисерок
50 г грчко семе
50 г семе од анасон
50 г мајчина душичка
50 г очајница* (ако се пие тинктура, се исфрла од чајот)

Постапка:

Сите билки се мешаат убаво и се складираат во лимен или стаклен сад. Од мешавината се зема една супена лажица и се прелива со 200 мл врема вода. Се остава половина час да отстои по што се процедува.

Се пие 2-3 пати дневно, со паузи за време на менструација.

Овој чај го зголемува бројот на фолекулите, ги зацврстува ѕидовите на матката, ги зацврстува и стимулира јајниците. Терапијата трае 3-6 месеци, во зависност од здравствената состојба на лицето.