Црниот дроб е еден од најголемите opга-ни во телото кој има способност да се регенерира сам по себе. Болестите на црниот дроб се многу често причина за с мрт, затоа треба особено да се внимава на неговото здравје.




Црниот дроб има улога во обработка при варењето храна и исфрлање на ток-сините што секојдневно ги внесуваме во организмот. Навременото чистење на црниот дроб може да биде од голема корист за да се превенира понатамошната болест.




ЛЕК ЗА ЦРН ДРОБ И СРЦЕ: Овој лек е објавен на каналот Животна Сила каде што споделуваат ефикасни природни лекови против различни болести. Овој пат ќе ви го претставиме лекот за црн дроб и срце кој се подготвува од само 3 состојки.




Потребни состојки: 3 чаши вода, 2 чаши ситно исечкан и сув корен од глуварче (околу 15 г) и 1 лажичка путер. Путерот најдобро е да биде од органско потекло.

Лекот се подготвува на следниот начин: Во тенџере ставете ги трите чаши вода заедно со коренот од глуварче и почекајте да зоврие. Потоа оставете да вари уште 20-тина минути на ниска температура без капак.




Вака подготвениот чај процедете го, а чајот ставете го во блендер заедно со 1 лажичка путер и изблендирајте на најсилна брзина околу 10 секунди. Лекот ставете го во чаша и веднаш испијте го, голтка по голтка. Овој напиток помага и за полесно варење на храната.




Коренот од глуварче содржи и ензими, есенцијално масло, смола, масни киселини, шеќери и многу инулин (до 40% на есен). Листовите содржат витамини А, Ц, Д и Б група, како и минерали железо, магнезиум, цинк, калиум, калциум, манган, бакар.




Покрај наведените причини, глуварчето се користи за лекување на инфекции, вируси, отоци, задржување на вода во телото. Многу студии покажуваат дека глуварчето го стимулира протокот на жолчката и има благ диуретичен ефект. Ова растение го чисти уринарниот тракт и има корисен ефект врз мочниот меур и бубрезите.

фото Ламија Бегиќ




Многу современи лекари денес препорачуваат глуварче за детоксикација на црниот дроб, особено кога се користат синтетички лекови. Глуварчето го намалува нивото на холестерол во кр-вта, го стимулира апетитот и варењето на храната.




Лек за висок шеќер: Измешајте 30 г корен од глуварче, 30 г лисја од боровинка, 15 г семе од анасон и 30 г семе од тилчец. Истурете 1 – 2 лажички со чаша топла вода и оставете 10 минути. Пијте две до три чаши на ден.




Лек за анемија: Измешајте еднакви делови од лисјата од глуварче, коприва и добрејка. Ставете ги во тегла. Кога правите чај, истурете една лажичка од оваа смеса во чаша топла вода и оставете ја да отстои 10 минути. Пијте три чаши на ден.




Чај за деца: Подгответе 25 г лист од маточина, лист од нане, семе од анасон, корен од глуварче и корен од ехинацеа. Одделно измешајте ги корените. Истурете лажичка од мешавината во чаша вода, ставете на оган и варете 20 минути.

Потоа тргнете од оган, оставете чајот да отстои 10 минути и процедете. Помага против сипаници, заушки и настинки. Дајте му на вашето дете една до две чаши на ден.