Еден заеднички проблем во нашите краеви претставува песокот или каменот во бубрезите или жолчката.
Проблемот најчесто е предизвикан од вода и храна. Во обид да ги избегнеме тешките и инвензивни методи на конвенционалната медицина порталот Zdravlje Bez Doktora го пренесува докажаниот популарен рецепт за топење и исфрлање камења од организмот.
Состојки:
250 g шеќер во прав,
0,25 l маслиново екстра девственото (еко) масло,
250 г лимон со кора,
250 г корен од магдонос (мелен) и
250 г мед
(или еднакви количини на сите состојки)
Упатство:
Лимонот убаво да биде измиен и ако е прскан исчистете го од хемикалии
Откако ќе го исчистите лимонот, исечкајте го на парчиња и сомелете во блендер или било која друга машина колку што е можно поситно.
Излупете го коренот од магдонос и мелете го на парчиња како и лимонот.
Сѐ измешајте и додадете мед, маслиново масло и шеќер во прав.
Мешајте ги состојките додека масата целосно не се изедначи.
За проблемите со каменчињата во бубрезите и жолчката потребно е да се зема една супена лажица од смесата наутро на празен стомак и навечер пред спиење.
Смесата треба да се чува во фрижидер и за цело време во стаклено шише, бидејќи е лесно расиплива. За да се реши повеќето проблеми со песок или камења во бубрезите и жолчката неопходно е да се испијат две од горенаведените мерки.
(Откако ќе ја потрошите првата направете уште една мешавина, бидејќи е расиплива и се прави по мерка од 250 g по состојка). Смесата е осмислена и тестирана за растворање на камчиња и е многу е ефикасна.
Нејзиниот состав е со многу пријатен вкус и многу е здрав и за други цели, па така и другите членови на семејството можат да го користат заедно со лицето кое страда од камен во организмот.
Важно е да се напомене дека за време на користењето на терапијата треба да се пијат колку што е можно поголеми количини на течности, најдобро вода.