Доколку имате гастритис на желудникот или воспаление на дебелото црево, тегоби поради желудечни киселини и лоша дигестија, ви го предлагаме следниот народен рецепт.
Овој рецепт е многу едноставен и проверено ефикасен. Освен што ги ублажува тегобите со дигестивниот тракт, пребогат е со витамин Ц што го прави одличен за имунитетот, а меѓу другото го забрзува и метаболизмот.
СЕКОЕ УТРО ИСЦЕДЕТЕ 100-150 МЛ СОК ОД ЗЕЛКА
Земете убаво парче зелка, измијте ја, исечете ја на парчиња и ставете во соковник. Во зависност од сочноста на зелката, употребете количина која е потребна за да добиете 100-150 мл сок.
Испијте го сокот на празен стомак и во следните два часа не консумирајте ништо друго.
Терапијата трае 40 дена. Кога ќе завршите, проверете ги резултатите и ефектите. Терапијата по потреба може да ја продолжите.
Доколку немате соковник, зелката ситно изрендајте ја или смелете ја, сосем малку посолете ја и оставете да отстои. Потоа процедете низ двојна газа за да го извлечете сокот.
Покрај горенаведените бенефити, сокот од зелка може да има позитивен ефект врз крвната слика, да го намали штетниот холестерол, да го намали високиот крвен притисок, да ја исчисти кожата и да ве ослободи од вишокот килограми.
Зелката е зеленчук со висока биолошка а ниска калориска вредност (24 kcal на 100 г) а просечно содржи: 92,52% вода; 1,21% протеини; 0,18% масти и 2,3% диетални влакна.
Најмногу се застапени: витамин Ц (42 мг на 100 г) и бета-каротен (провитамин А) а потоа следат минералите: калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар. Малите количества натриум и поволниот однос на калциумот и фосфорот осигуруваат максимално искористување на калциумот од организмот.