Лекарски совет: Уште пред да започнат со сексуален живот, девојките и жените мора да посетат гинеколог, а потоа редовно да одат на прегледи – советуваат гинеколозите.

Голем процент од жените во денешно време имаат проблеми со појава на цисти на еден или на двата јајници или ранички на грлото на матката.

За нивно лекување, покрај препораките и насоките од гинекологот, можат да ви помогнат и некои народни лекови.

МАСЛО ОД НЕВЕН КАКО ЛEК ЗА ЕРОЗИЈА НА ГРЛОТО ОД МАТКАТА

Во една стаклена тегла ставете три раце свеж цвет од невен. Прелијте со 300 мл нерафинирано сончогледово масло. Оставете да отстои затворено во тегла две седмици, а потоа процедете ја течноста.

Обични тампони натопете во ова масло и ставајте ги секојдневно, наутро и навечер.

Маслото од невен чувајте го темно стаклено шише, добро затворено, во фрижидер. Лесно оксидира, па затоа внимавајте да не останува предолго отворено и да не допира до него сончева светлина.

НАРОДЕН ЛEК ОД АЛОЕ ВЕРА И МЕД ЗА ЦИСТИ И РАНИЧКИ НА ГРЛОТО ОД МАТКАТА

Земете неколку листови кактус алое вера и ставете ги во фрижидер да отстојат две седмици. Потоа ситно изрендајте ги и процедете го нивниот сок. Сокот помешајте го со мед во однос 1:1.

Лековитата смеса чувајте ја во фрижидер, добро затворена во стаклена тегла.

Начин на користење:

Бидејќи оваа смеса кога се чува во фрижидер се наоѓа во цврста состојба, потребно е малку да се загрее. Земете една лажичка од смесата, растопете ја, натопете тампон кој ќе го ставите во вагината да отстои преку ноќта.

Повторувајте ја постапката 10 дена, а потоа направете пауза од две-три седмици. Лекот не го нанесувате додека имате менструација. По паузата продолжете ја терапијата уште 10 дена.