Ова е многу лековита билка особено за лица кои имаат проблем со крвниот притисок. Многумина би можеле да го стабилизираат притисокот со помош на дивиот лук (медведов лук, сремуш, шумски лук, Allium ursinum) со пролетна терапија која трае 2-3 месеци, да се одмори црниот дроб од лекови и да се намали холестеролот.

Лековитоста на листот е најдовра во пролет, а на луковиците во есен.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ВИНО:

200-300 г цела билка див лук

1 литар бело вино

Малку мед до 100 мл

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТИНКТУРА ОД ЛИСТОВИ

100 г листови див лук

500 мл лозова или сливова ракија

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТИНКТУРА ОД ЛУКОВИЦИ

300 г луковици

1 литар лозова или сливова ракија

ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ВИНОТО:

Исечкајте 200-300 г див лук, ставете го во 1 литар бело вино, додадете малку мед и оставете да отстои 24 часа на топло место.

Ова е одличен лек за наведените болести, а се пие после неколку дена на голтки, во правилни растојанија во текот на денот, по околу 50 мл.

ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ТИНКТУРА ОД ЛИСТОВИ:

Ситно исечканите листови од див лук се ставаат во тегла или шише па се прелива со 40% домашна ракија. Се остава на сонце најмалку 3 седмици.

Тоа е лек за наведените болести (прочитај најдолу во текстот). Се консумира 3 пати дневно по 20 капки кои се додаваат во малку вода, чај или во топла супа.

ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ТИНКТУРА ОД ЛУКОВИЦА:

Бидејќи оваа билка не е достапна преку целата година, туку само рано напролет, добро е да се направи тинктура од луковици: се мијат добро луковиците и се чистат.

Во поширок сад излејте 100 мл ракијата, па додавајте една по една луковица. Веднаш гмечете ги со дрвена лажица и тоа во ракијата, да не оксидираат и да не потемнат во допир со воздух.

Така добиената кашеста смеса прелијте ја во темна тегла и додадете уште 900 мл ракија. Добро промешајте и цврсто затворете.

Оставете да отстои 20 – 30 дена и повремено протресувајте. После 30 дена, луковиците притиснете ги да ја исцедите сета течност од нив, процедете во темна тегла (без луковици), добро затворете.

Се чува на темно место. Се користи 2-3 пати дневно по 1 чајна лажичка тинктура со малку ладна вода.

Тинктурата од лист се прави кога е сезона, во пролет, а од луковици се прави во есен (бидејќи во пролет целата енергија ја има во горниот дел, додека разлистува и цвета, дава семе, а кога ќе свене, виталноста и сите билни сокови се враќаат во луковицата, коренот, односно есено време.

Исто е и со времето на берење на билката: најпотентна е од 10 до 15 часот, а послепладне соковите се враќаат во коренот, што значи енергијата кружи, па така, најлековита е најмногу околу пладне.

Исто така семето од лукот може да се конзервира како копарот и се користи на ист начин.

Кај некои луѓе при употреба на тинктурата од див лук потоа им се чувствува непријатен пот на телото.

Затоа тинктурата може да се раствори во половина шолја млеко наместо вода и проблемот е решен.

УПОТРЕБА:

-Лекува и смирува кашлица

-Го јакне срцето и ослабениот срцев мускул

-Штити како превенција од инфаркт

-Го подобрува памтењето

-Лекува висок крвен притисок, вртоглавица и дигестивни пречки

-Помага при хронични и акутни дијареи, а уште поделотворен е кај опстипација

-Истерува цревни паразити