Холестеролот е супстанца (стероид) којшто е неопходен за животот. Тој е составен дел од мембраните на сите клетки во ткивата и органите. Исто така, преставува дел и од хормоните за раст, развој и репродукција, како и дел од жолчните киселини кои се неопходни во варењето на храната.
Мала количина од холестерол циркулира во крвта во облик на комплекси наречени липопротеини. Секој комплекс е комбинација од протеин, фосфолипид, холестерол и триглицерид, и во зависност од густината се класифицирани во ХДЛ, ЛДЛ и ВЛДЛ.
ХДЛ (добриот холестерол) го носи вишокот на холестерол за отстранување. ЛДЛ (лошиот холестерол) го депонира холестеролот во ткивата и органите.
Понекогаш е чудно, човек кој не е дебел, не јаде многу масна храна, не чувствува некои тегоби па и нема причина да се сомнева дека нешто не е во ред. Но, ако се направи крвна слика за маснотиите во крвта и се покаже дека тие се покачени, ќе се зачуди и ќе се запраша во што е проблемот.
Токму затоа треба од време на време да се провери крвната слика. Значи, ако нивото на холестеролот во организмот е високо, во крвта циркулираат масни жолтеникави топчиња кои може да се таложат на ѕидовите на артериите и да формираат плаки кои ги стеснуваат артериите.
Ова стеснување води кон намалување на протокот на крвта, а тоа пак може да доведе до одредени срцеви проблеми, па дури и да дојде до инфаркт.
Тестот за холестерол во крвта го мери тоталниот холестерол (ЛДЛ здравјето на организмот. Вишокот на холестерол може да доведе до создавање на наслаги на крвните садови, кое доведува до стеснување на крвните садови, нивно зацврстување (атеросклероза) и ризик од бројни нарушувања, меѓу кои инфаркт и мозочен удар.
Овој напиток докажано го намалува лошиот холестерол во крвта, а покрај тоа ја прочистува и ја освежува крвта и врши целосна детоксикација.
Потребни состојки:
1 кг лимон (домашен, ако не е истретирајте ја кората со сода бикарбона за да се прочисти)
3 китки магдонос
2 зелени јаболка (домашни со кора, ако не, излупете ги)
1 голема зелена краставица (ако е домашна не ја лупете кората)
3 см корен од ѓумбир
Постапка:
Зеленчукот и овошјето убаво измијте ги, ако се домашни и непрскани, не ги лупете. Ако лимонот е купечки оставете го некое време во вода со сода бикарбона и добро измијте го, зошто потребна е неговата кора, а другите намирници доколку се купечки излупете ги. Магдоност добро измијте го.
Сите состојки исечете ги на помали парчиња и ставете ги во блендер со малку вода. Миксајте додека смесата да се изедначи. Потоа налејте уште 1,5 литар вода и складирајте во поголема стаклена тегла и шишиња, па чувајте во фрижидер.
Потребно е да отстои 24 часови за да се активираат состојките и меѓусебно да се поврзат.
Употреба: трипати на ден половина час пред оброк по една ракиена чашка.