Расолницата од кисела зелка е добар лек за дијабетичари, бидејќи го намалува шеќерот во кр-вта и го подобрува варењето. Корисно е секојдневно да се пие по половина чаша чиста расолница.




Поради солта, оние што имаат висок притисок треба да бидат внимателни. Расолот, односно сокот од кисела зелка, содржи големи количини на витамини B,C,E,K и минерали како што се калиум, калциум, фосфор, сулфур, бакар, цинк и магнезиум.




Добар е за: настинка, за зајакнување на цревната флора, за артериосклероза и за висок кр-вен притисок, за лекување на астма, реума, чир на желудник, а преку тие придобивки се чисти кожата и се зајакнува имунитетот, но исто така велат дека помага и при разни видови на карцином.




Киселата зелка всушност е една од ретките намирници, кои имаат витамин В12. Можете да ставате зелена или црвена зелка во расол, но црвената е многу побогата со фитонутриенти и витамин Ц, содржи антиоксиданс кој ги штити сивите мозочни клетки, па со тоа е и поздрава за јадење.




Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, ако меѓу зелката додадете и други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон.




Зачините може да ги изберете според ваш вкус – зрна пипер, ким, лаворов лист. Важно е листовите зелка да бидат неоштетени, тврди и со што помалку црни делови.




Расолницата или сокот од киселата зелка, е исклучителен пијалак против тегобите во дигестивниот тракт или против отечени нозе. Расолницата во комбинација со сок од морков или репка е одличен за сите луѓе со дијагностициран недостиг на калциум и за оние кои стра-даат од остеопороза.




Сокот од киселата зелка е, исто така, одличен пијалак за лицата со чир на желудникот или со воспаление на дебелото црево. Расолницата изобилува со витамин Ц кој има силно антивоспалително дејство.




Меѓутоа оваа суперхрана може да предизвика подуеност и гасови доколку не се консумира правилно, објаснува д-р Чубрило. „Ако сега јас испијам чиста расолница, потоа ќе ми биде тешко на стомакот и ќе имам гасови.




Расолницата никогаш не се пие чиста, а покрај тоа предизвикува и сериозна патолошка состојба на цревата. Истото важи и за зелката која е често на нашите празнични трпези во зима. Ако досега не сте пиеле расолница, може прво да си направите мал тест на цревата за да видите како ќе ви влијае тоа.




Секогаш кога ќе пиете расолница разредувајте ја со вода, на почетокот додавајте поголема количина на вода, а потоа намалувајте додека да стигнете во размер 1:1. Ако не ви прави проблем на цревата и гасови тогаш можете да ја пиете. Се пие по малку, на почетокот по 1 ракиена чашка додека да стигнете до 1 чаша на ден,” – завршува докторот.

Лек за висок шеќер: на расолницата додајте и само две состојки – ќе ве препороди. Потребни состојки: 1/3 чаша расол, 1/3 чаша сок од домати, 1/3 чаша сок од моркови. Постапка: Состојките измешајте ги. Пијте по една чаша секој ден, на гладно.