Потребни состојки:

  • 250 мл домашен мед, од проверен пчелар кој не ги рани пчелите со шеќер
  • 250 мл ракија од сливи
  • 250 мл маслиново масло (квалитетно, ладно цедено, девствено)
  • 250 мл сок од лимон (цеден, не купечки)

Постапка:

Во еден сад ставете мед, масло, ракија и сок од лимон.

Добро измешајте за да се соедини.

Кога е соединето, складирајте во стаклено шише.

Употреба:

Може веднаш да се консумира, трипати дневно по три супени лажици пред јадење.

Додека се консумира овој лек, потребно е да се пие чај од домашна мента и чај од мачкина трева без шеќер.

Овој еден литар лек со редовно консумирање се троши отприлика за 13 дена.

Пожелно е да се испие што повеќе од овој лек.

Кога ќе се испие првиот литар, веднаш направете уште една доза и така се додека можете да издржите бидејќи нема баш убав вкус.

Мајка ми го пиеше овој лек и не отиде на операција а требаше да и ја вадат жолчката пред 10 години.

Не знам точно колку литри таа испи од овој лек, кога забележала дека каменчето почнало да се топи и намалува, а еве и целосно го исфрлила.

Напомена: пред започнување со користење на народни лекарства, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.