Анемијата е чест здравствен проблем кој може да се појави на секоја животна возраст. Лековите се такви што, иако најчесто се на природна база, сепак ги јадеме со сила, особено кога станува збор за деца или лица кои се пребирливи во храната.
Јас цел живот мака си мачев со анемија, а овој рецепт ми го испрати другарка на која сум и бескрајно благодарна зошто од невкусни и чудни препарати ми дојде преку глава. Конечно уживам во вкусот на некој лек.
Потребни состојки:
1 тегла мед
100 г сусам
100 г ленено семе
100 г несолени кикирики
100 г семки од тиква
100 г сончогледови семки
100 г урми
100 г суви смокви
100 г суво грозје
100 г лешник
100 г бадеми
100 г ореви
*Во последните дози започнав да ставам и по неколку лажици спирулина во прав или зелена магма (зелена пченица во прав)
Постапка:
Во блендер или мултипрактик сомелете ги сите состојки, а сувото овошје ситно исечкајте го. Сите состојки измешајте ги а потоа додадете го медот и убаво изедначете ја смесата.
Смесата е доста густа и малку тешко се меша.
Употреба: за подобрување на крвната слика, но и за имунитетот воопшто, земајте по 2-3 лажици од смесата дневно, најдобро со дрвена или пластична лажица.