Фото и рецепт: Стана Милетиќ
Рецептот за оваа лековита маст е од памтивек и се служи за мачкање на секакви кожни проблеми, а некои дури ја користат и за детски осип од пелени.
Одлично помага за изгореници после што не остануваат рани, се користи за разни осипи, јадежи и егземи со што ги смирува и ги лекува.
МАСТ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ
Потребни состојки:
1 грст колку што собира во раката – кора од дрвото бозел
200 мл маслиново масло
5 г пчелин восок +-
Постапка:
Земете неколку гранки од бозел и со нож истругајте ја надворешната кафеава кора која се фрла, а онаа под неа зелената сочувајте ја. Потребно е околу една шака.
Загрејте го маслиновото масло и ставете ја струганата кора. Кога кората ќе започне да потемнува, тргнете на страна и додадете го восокот да се растопи. Промешајте и складирајте во мали садови или шишенца. Не смее да биде претврдо. На страна капнете една капка и ако се стегне, тогаш складирајте во шишенца/теглички и чувајте во фрижидер (за да не биде премека на собна температура).
Ова е лек стар преку 100 години кој се користел за изгореници и рани уште од пампривек. Може да се користи и за осип на нежната детска кожа, за изгореници од сонце, за рани…
Фото и рецепт: Стана Милетиќ