Потребно е вкупно да се изедат 900 г листови чувар куќа, но вие ќе ги приготвувате постепено, а не одеднаш целата количина.

Прво во блендер сомелете 150 г лист од чувар куќа, а во смесата додадете една лажица мед.

Ова ќе го повторите уште 6 пати. Може и на трипати по 300 грама, но иако смесата се чува во фрижидер, затворена во стаклена тегла, подобро е да се приготвуваат помали количини.

Се консумира по една лажица наутро, на празен стомак.

Медот не е неопходен, тој повеќе се додава за вкус. Исто така, можете да ставите и многу малку лимонов сок, за да си го прилагодите и подобрите вкусот.

Ова ни го раскажа читателка која после 6 месечно консумирање на овој лек, кога се прегледала на лекар таа веќе немала ниту бактерија, ниту тегоби.

А инаку и давале многу агресивна антибиотска терапија од која имала многу тегоби.

ЛЕК ЗА ЧИР НА ЖЕЛУДНИК

100 листови тегавец
1 тегла мед

Исечканите листови се мешаат со мед и се остава да отстои 15 дена пред употреба.

Се чува во фрижидер и се консумира по една лажица наутро на гладно.