АРТРИТИСОТ ги мачи луѓето со векови. Египетските мумии сведочат дека оваа болест постоела отсекогаш.
Од неа очигледно боледувал и истражувачот Кристофер Колумбо. И денес милиони луѓе се погодени од неа. Каква е оваа осакатувачка болест?
Зборот „артритис“ потекнува од грчкиот јазик што значи „воспалени зглобови“ и е поврзан со преку 100 ревматски болести и заболувања.
Овие болести можат да ги погодат не само зглобовите туку и мускулите, коските, тетивите и лигаментите што ги поврзуваат.
Некои облици на артритис можат да ја оштетат кожата, внатрешните органи, па дури и очите. Меѓутоа, две болести што најчесто се поврзуваат со артритисот се — ревматоидниот артритис (РА) и остеоартритисот (ОА).
Како да се ублажи болката?
Оние кои го пробале велат дека ги ублажува сите болки поврзани со зглобовите, коските и мускулите…
Кога модерната медицина не помага најдобро е да побарате помош од старите природни лекови.
Ако ја прашате вашата баба што користела за лекување на болки во зглобовите, таа најверојатно ќе ви каже дека имала магична комбинација како што е овој народен лек кој ги регенерира коските.
Доколку ве болат нозете, грбот или имате некоја стара повреда, само помешајте ги овие три состојки и ќе направите природен лек за отстранување на болките, кој всушност помага во лекувањето на артритис, остеоартритис и сите болки поврзани со зглобовите, коските и мускулите.
Потребни состојки:
300 мл алкохол (70%)
100 мл повидон јод и
10 таблети аспирин (300 мг).
Постапка:
Помешајте го алкохолот со повидон јодот и додадете ги сомелените таблети аспирин.
Соединете ја смесата и оставете ја да стои 21 ден на темно место. Потоа можете да ја користите како лек во вид на облоги или со втривање и лесна масажа на болното место.