Денес билкарот Мартин Најдовски ни пишува за: Кора од “Бела врба” (lat. Salix Alba) – повеќе информации од него можете да добиете на страницата Лилма.

Постојат повеќе видови на врби од кои за најлековита се користи Белата врба. Се карактеризира со тоа што расте покрај реки, стелбото и е сивкасто – зелено, а од задната страна на листот тој е бел (исто како кај подбелот).

Во народната медицина се употребува само кората која се собира месец февруари крајот/почетокот на март. Се лупи кората од гранките кои се со големина колку раката. Се сушат на провевно место.

Некогаш во минатото, од кората на белата врба се правел “Аспиринот”. Таа во себе содржи природен аспирин односно салицилна киселина/салицил.
Кората делува антипиретично (тера на потење) антиревматско (против реума, ишијас, гихт) аналгетско (против болки) антиинфламаторно (против воспалително).

Се користи кај болки во мускулите, коските, вклештени нерви, менструални болки и слично. Треската и високата температура може да се намали многу брзо со помош на кора од бела врба. Кај сите воспаленија како што се болки во бели дробови, внатрешен воспалителен процес, речиси секогаш се користи оваа билка. Кај мигрени и интензивни главоболки е исто така одлична..

Единствено не се препорачува кај луѓе кои се алергични на аспирин, деца помали од 12 години, и луѓе со чир на желудникот или дванаесетпалечно црево. Повеќе од 21 ден не смее да се користи.

Рецепти:

I Чај: 1 кафена лажичка кора се потопува во 250 мл ладна вода, па се загрева, штом зоврие (околу 10 мин) се трга на страна и стои поклопено 20-30 минути. Потоа се цеди и пие по 2 шолји на ден, 30 мин пред јадење. Се пие 7 дена со 2 дена пауза.

II Чај против треска или висока темпераура: 20 г кора од бела врба, 20 г камилица, 20 г липа, 20 г бозел (цвет или лист а може и двете мешано), 10 г шипки плод, 10 г ѓумбир може свеж, може и во прав

Сè се меша заедно па 2 супени лажици од смесата се прелева со 500 мл зовриена вода, стои поклопено 20 мин потоа се цеди и се пијат по 2 шолји на ден, наутро и навечер 30 мин пред јадење. Тие што не се алергични на прополис, во чајот се додаваат по 20 капки прополис тинктура. Се пие исто 7 дена со 2 дена пауза.

III Чајна комбинација за протов реума, ишијас и гихт: 30 г корен чичок, 30 г лист од бреза, 20 г кора од бела врба и 20 г ѓумбир

Сè се меша па 2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода отстојува 20-30 мин поклопено потоа се цеди и пие по 2 шолји на ден. 7 дена со 2 дена пауза, откако ќе се користи 21 ден, се отфрла кората од врба од смесата и се продолжува со терапијата исто 7 дена со 2 дена пауза.

IV Чај против мигрена и јаки главоболки: 20 г лаванда, 20 г валеријана, 10 г кора од бела врба и 10 г маточина

Сè се меша и истата постапка како горенаведените чаеви.
Кората од бела врба е достапна во сите билни аптеки.