Кој би помислил дека кората од калинка може да биде толку лековита за дигестивниот систем, особено за цревата… Сè што е неопходно е да ја сочувате кората и да ја оставите да се исуши. Потоа складирајте ја во стаклена тегла или соодветен сад и чувајте ја во кујна.
Кората од калинка е одличен лек за стомачни ингекции или било какви други стомачни и цревни пореметувања. Во оваа статија можете да прочитате на кој начин можете да ги искористите нејзините исцелителни својства.
Во 1999 година руското списание „Заборавениот Хипокрит и лекување со билки“ го објави рецептот кој го патентирал Г.И.Глубоков. Овој рецепт дал решение за воспаление на слепо црево, колера, салмонела, дијареа и дизентерија. Во продолжение прочитајте како се приготвува здрав чај од сува кора од калинка.
Кората од калинка содржи повеќе од 20% танин што и овозможува да биде ефикасен лек против дијареа. Исто така, содржи до 17% пепел и алкалоиди: пелетиерин, изопелетиерин, металпелетиерин и псеудопелетиерин.
СУВА КОРА ОД КАЛИНКА ЗА ЗДРАВ ЧАЈ
За да го направите овој чај ќе ви биде потребна едно парче кора од калинка и вода, во однос 1:20. На пример, на 10-12 г кора од калинка се користи 200 мл вода. Најпрво загрејте ја водата, па кога ќе зоврие прелијте ја преку кората. Поклопете и оставете да отстои 25-30 минути.
Не процедувајте. Испијте половина чаша и повторно поклопете ја. Доколку почнете да се чувствувате подобро во текот на следните 10 минути, веројатно сте имале дијареа и лекувањето е завршено. Ако не ви е подобро после тие 10 минути, тогаш остатокот од чајот испијте го после 3 часа, а подобрување би требало да почувствувате после 5 часа.
За лекување на чир на желудникот, чир на тенко црево, колитис (воспаление на дебелото црево), цревна дисбактериоза, потребно е сувата кора од калинка да се консумира на следниот начин:
Во текот на денот испијте половина од чајот (направен според претходно наведениот рецепт, погоре), околу 90-100 мл, во четири наврати, приближно во исти порции и во приближно еднакви временски растојанија, по 20-25 мл секоја доза. Започнете со консумација наутро на празен стомак, веднаш по будењето, а последната, четврта доза, пред спиење.
Не треба да се пие секој ден, туку секој втор ден, 1., 3., 5., 7., … Тоа е доволно за комплетно излекување. Ако сакате да продолжите со третманот, треба да направите пауза од една седмица. За време на лекувањето – не смеете да пиете ал-ко-хол.
И исто така, многу е важно чајот да не се процедува и да се запази соодносот на кората и водата. Во спротивно може да дојде до појава на вртоглавица, мачнина и главоболка. Чајот од кора од калинка можете да го користите и за испирање на устата против афти, облоги на кожа против дерматитис итн.