Фото и рецепт: Весна Михајловиќ

Лекот е вкусен и пријатен за јадење.

Потребни состојки:

100 г сусам

100 г ленено семе

100 г семки од тиква непечени

Природен мед по потреба

Постапка:

Сите семки се мелат и се мешаат со мед. Се складира во стаклена тегла.

Ова е основниот рецепт а вие можете да експериментирате и да додавате состојки по желба.

Се користи за остеопороза, особено кај жени. Можат да го користат сите бидејќи одлично делува за различни недостатоци и пореметувања во организмот.

Во смесата додадов и малку лимонов сок и две лажици путер од коноп, па сето убаво го измешав.

Употреба: една или две супени лажици (наутро и навечер), или по потреба. Една лажица дневно е доволно и не би требало да претерувате со оглед на тоа што е вкусно за јадење.

Фото и рецепт: Весна Михајловиќ