Пробајте ги ледените коцки на Нермина Јордамовиќ, вкусни и сочни колачи кои се топат во уста.

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

Потребни состојки:

6 јајца
10 лажици шеќер
3 лажици масло
6 лажици брашно
3 лажици какао
1 прашок за печиво

За шербет:

1 шолја за чај шеќер (од 250 мл)
1 шолја вода

За фил:

1 литар млеко
2 пудинг од ванила
6 лажици брашно
10 лажици шеќер
250 г путер или маргарин

За глазура:

100 г чоколадо
3 лажици шеќер
3 лажици масло
50 г маргарин/путер

Постапка:

Изматете ги прво јајцата со шеќерот додека тој да се растопи и смесата да побели, па додадете масло, па ретходно измешаното и просеано брашно, какао и прашок за печиво.

Добиената смеса излејте ја во намастена и набрашнета тепсија 35х20 см и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.

Прво печете 10-тина минути, па намалете на 180 степени и печете уште околу половина час или малку помалку, во зависност од вашата рерна.

Печениот колач прелијте со веќе приготвениот и млак шербет.

За шербет: Доволно е шербетот само да проврие додека шеќерот да се растопи.

Оставете го колачот да излади, а потоа премачкајте го со фил, а на крај со чоколадна глазура.

За фил: измешајте го пудингот, брашното и шеќерот, па разматете со малку млеко (одземете од 1 литар) да нема грутчиња.

Остатокот од млекото ставете го на оган, па откако ќе зоврие тргнете го од оган, додадете го разматениот пудинг низ цедалка и постојано мешајте додека да згусне.

Оставете на страна да излади. Посебно изматете го путерот па соединете го со изладениот пудинг.

За глазура: 100 г чоколадо, 3 лажици шеќер, 3 лажици масло и 50 г маргарин или путер, растопете ги и соединете ги на тивок оган или на пареа.

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ