Ледена бела торта за 15 минути…Евтино, брзо и вкусно…Одличен освежителен десерт за секој период од годината. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 мл студена вода
2 чаши од 240 мл млеко во прав
1 кесичка сок во прав со вкус на лимон (или вкус по ваш избор)
50 г чоколадни трошки
ПОСТАПКА:
1.Во блендер сипете ја ладната вода и млекото во прав, па миксајте 2 минути. Додајте го сокот во прав и продолжете да матите додека да згусне.
2.Сипете ја содржината во соодветен сад и додајте ги чоколадните трошки. промешајте, затворете и оставете во замрзнувач 2 часа. Деталите погледнете ги ОВДЕ.