Потребни состојки за крем:

2 пудинг од ванила или со вкус на слатка павлака

500 мл млеко

10+5 лажици шеќер во прав

200 мл слатка павлака

2 чашки кисела павлака

1 кесичка желатин

и уште:

околу 200 г бисквити

1 голема кутија пишкоти

по потреба овошен сок (за натопување на бисквитите и пишкотите)

100 г шлаг крем

100 мл газирана вода

околу 400 г вишни

1 лажица гриз

Постапка:

Пудингот со 10 лажици шеќер сварете ги во млекото и тргнете на страна да излади. Изладениот пудинг измиксајте го, па додадете кисела павлака и 5 лажици шеќер, па добро изматете.

Постепено додавајте ја изматената слатка павлака како шлаг, измешајте да се соединат.

Желатинот пригответе го според упатството од кесичката и додадете го во филот, па оставете во фрижидер. Вишните исчистете ги од семки и исцедете го сокот, па додадете им лажица гриз и измешајте.

Бисквитите натопувајте ги кратко во сокот и редете ги на дното од плехот, па преку него ставете половина од филот, врз филот распоредете половина од исцедените вишни.

Потоа наредете пишкоти натопени кратко во сок, преку нив нанесете го преостанатиот фил и врз филот наредете ги остатокот од вишните.

Шлаг кремот изматете го со кисела вода и декорирајте го колачот.

Оставете го во фрижидер да преноќи.