„ЛЕДЕН БРЕГ“…Брз колач без печење…додека сварите кафе и тој е готов…За детски родендени и за секој ден…Едноставно, брзо, кремасто и вкусно…Еве што ви е потребно според рецептот на Данка:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г плазма кекси
600 мл млеко
2 кесички пудинг од ванила (2х40 г)
8 лажици шеќер
200 г путер
3 кесички шлаг

ПОСТАПКА:

1.Од 600 мл млеко одвојте малку за да го растворите пудингот и шеќерот. Остатокот ставете го да зоврие и во него сварете го пудингот со непрекинато мешање додека да згусне. Оставете да излади.

2.Пенасто изматете го путерот претходно омекнат на собна температура, па додајте го оладениот пудинг и заедно соединете ги со миксерот.

3.Плазма кексите кратко натопувајте ги во млеко и редете ги во соодветен калап или тацна:

1.ред – 4х4 кекси, па премачкјате со фил.
2.ред – 3х4 кекси, па премачкјате со фил.
3.ред – 2х4 кекси, па премачкјате со фил.
4.ред – 1х4 кекси, па премачкјате со фил.

Декорирајте со шлаг изматен според упатството на кесичката. / Рецепт на Данка.