Овие природни рецепти многу помагаат при болести на грлото, правилно варење на храната, потен-ција, анемија, а се препорачуваат и за проблеми со срцето и кр-вните садови.

Денес споделуваме со вас неколку одлични природни рецепти од овие 4 состојки: Мед и јаболков оцет. Во 200 мл млака зовриена вода растворете две лажици оцет, а потоа додајте две лажици мед. Конcyмирајте два до трипати на ден пред јадење.




Докажано е и дека вкусниот сок добиен на овој начин го намалува притисокот и дека е одличен сојузник за одржување на витката линија. Се препорачува и за силно кивање при алергија на полен со земање од смесата пред појадок и пред спиење, бидејќи медот го зајакнува сонот.




Ореви со мед. Оревот е растение чии сите делови имаат високи биолошки својства. Тој е единствен и најдобар претставник на растителниот свет. Одамна е познат во многу земји низ светот како одличен лек.




Во комбинација со медот е навистина исклучителен природен лек чии лековити својства можат да се споредат со најдобрите препарати, бидејќи нивната комбинација на нашиот организам му обезбедува многу неопходни витамини.

pixabay.com




Како да се користи за анемија: Подгответе смеса од половина килограм ливадски мед, половина килограм мелени ореви и сок од еден лимон. Сè добро измешајте и земајте по две лажици дневно. Смесата е многу добра за закрепнување на анемични и исцрпе-ни луѓе.




Овој докажан рецепт помага за добра потен-ција од античко време: Мелени ореви измешани со мед во иста пропорција. Земете две супени лажици два или трипати на ден, половина час после јадење. За да се постигнат посакуваните ефекти, третманот треба да трае од 20 до 30 дена.




Заздравување на чир на желудник: Овој проблем брзо и ефикасно поминува доколку половина час пред оброк земате по пет лажички дневно млеко од орев, кое ќе го подготвите на следниов начин: 20 грама мелени ореви прелијте ги со 100 грама топла зовриена вода, добро протресете, процедете и додајте две лажици мед.




Мед со лук: Следниот рецепт му ја враќа силата на телото и е многу добар против астма и отежнато дишење: Измешајте килограм ливадски мед, сок од десет лимони и сок од десет главици лук и оставете да отстои една седмица во затворена тегла.




Како да го користите лекот: Пијте четири лажички еднаш дневно, оставајќи го сокот нежно да се слева низ грлото. Треба да се пие редовно во период од два месеци за да се постигне посакуваниот ефект.




Против грип кај народот овој лек е многу познат: Изг.мечете неколку чешниња исчистен лук и измешајте со мед во сооднос 1:1. Конcyмирајте по една лажица растворена во млака вода пред спиење.




Можеби досега сте слушнале за овие рецепти и сега само ве потсетивме на нив, а некои можеби ги среќавате по првпат. Треба да си ги запишете бидејќи не се знае во кој момент може да ви затребаат. Секој лек опишан погоре има своја уникатност и посебна лековитост при различни состојби.