Потребни состојки:
1 шолја = 250 мл
1 шолја + 1,5 шолја брашно
1 лажичка сол
1 сув квасец (8 г)
1/2 лажица шеќер
1 шолја топла вода
Малку пченкарно брашно за поросување
За прелив:
1 белка
1 лажица вода
Постапка:
Во голем сад измешајте 1 шолја брашно, сол, квасец и шеќер. Измешајте и додадете топла вода.
Со миксер со маталки за тесто мешајте неколку минути.
Малку по малку додавајте го преостанатото брашно (околу 1,5 шолја) додека да добиете мазна смеса која не се лепи. Месете околу 10-тина минути.
Тестото ставете го во намастен сад и прекријте со крпа. Садот ставете го во рерна со запалено светло на отприлика час и половина додека смесата да се удвои.
Премесете. На побрашнета површина со оклагија развлечете го тестото во правоаголник со величина од околу 30х38 см.
Свиткајте во ролат и притиснете ги краевите.
Обложете го плехот со хартија за печење, малку намастете го и наросете со пченкарно брашно.
Префрлете го тестото на плех, засечете го на неколку места и премачкајте го со белка помешана со малку вода.
Покријте со крпа и повторно ставете во рерна со запалено светло на околу 45 минути.
Печете на 190 степени околу 40-45 минути.
Топлиот леб завиткајте го во влажна чиста крпа додека да омекне.
coolinarka.com