Пробајте го овој рецепт за лазањи приготвен со тиквички и печурки. Многу едноставно се прави, лесно и брзо, а многу е поздраво и поекономично од оригиналната верзија. Откако го открив рецептов често го приготвувам, домашните го обожаваат и не ми веруваат дека внатре воопшто нема месо. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4-5 тиквички, 1 главица кромид, 450 г печурки, 3 супени лажици доматен сос/пире, 450 г крем сирење, 1 јајце, 200 г моцарела или кашкавал, 100 г пармезан (или кашкавал), доматен сос по потреба




ПОСТАПКА: Тиквичките измијте ги, отстрабете им ги дршките и исечете ги на тенки ленти. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење, па посолете ги од двете страни и оставете ги да омекнат 15-тина минути.




Кромидот ситно исечкајте го и испржете го на малку масло додека да застакли, па додајте му ги сечканите печурки, уште малку додајте масло по потреба, поклопете и оставете да се динста на умерена температура.




Печурките треба да се готват 15-тина минути за да омекнат и да испари вишокот течност што ќе ја испуштат (ова важи за свежи печурки, а доколку користите маринирани печурки, треба добро да ги исплакнете пред пржењето).




Кога и печурките ќе бидат зготвени, додајте го доматното пире и промешајте за да се распореди. Јајцето изматете го во посебен сад заедно со крем сирењето, зачинете по вкус, а тука додајте го и ренданиот пармезан. Малку пармезан оставете настрана.




Во смесата додајте ситно сечкан свеж магдонос, па повторно добро промешајте. Тиквичките избришете ги со хартиена салветка за да се впие вишокот влажност. Дното на садот во кој ќе се печат лазањите премачкјате го со доматен сос, па наредете тенки ленти тиквички.




Распоредете половина од смесата со печурки, па преку филот нанесете половина од крем сирењето и наросете со рендана моцарела или кашкавал по ваш избор. Повторно наредете еден ред тиквички, а врз нив распоредете го преостанатиот фил од печурки.




Одозгора завршете со остатокот од крем сирењето, распоредете рамномерно и наросете со моцарела или кашкавал. Наредете го последн иот слој тиквички и премачкјате со доматен сос. Наросете го пармезанот кој го оставивте настрана и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.