ЧИСТА КОЖА

Медот е одличен антиоксидант, што значи дека со редовна консумација го чисти телото од разни токсини.

СЛАБЕЕЊЕ

Медот го забрзува метаболизмот, со што помага во слабеењето.

ГО НАМАЛУВА НИВОТО НА ЛОШ ХОЛЕСТЕРОЛ

Медот како и сите останати намирници кои не се од животинско потекло – не содржи холестерол. Неговите компоненти придонесуваат токму за намалување на лошиот холестерол. Со дневна консумација се зголемува нивото на споменатите антиоксиданти во телото кои исто така помагаат кон намалување на холестеролот.

ГО ЈАКНЕ СРЦЕТО

Истражувањата покажале дека антиоксидантите од медот можат да спречат затнување на крвните садови. Чаша вода со лажичка мед, редовно секој ден, ќе помогне за елиминирање на овој проблем.

ПОДОБРО ПАМТЕЊЕ

Истражувањата покажале дека медот помага за намалување на стресот, зајакнување на имунитетот и подобрување на памтењето. Покрај тоа, мозокот многу лесно го апсорбира калциумот од медот кој ја потпомага неговата функција.

КВАЛИТЕТЕН СОН

Шеќерот во медот го зголемува нивото на инсулин во крвта кој потоа ослободува серотонин, кој пак се претвора во мелатонин, хормон заслужен за квалитетн сон.

ЗДРАВА ДИГЕСТИЈА

Медот е силен антисептик, па се препорачува да се консумира на празен желудник една лажичка растворена во чаша млака вода во која може да додадете и неколку капки лимон. Овој едноставен ритуал помага да се подобри перисталтиката на дебелото црево и полесно празнење.