ЛАЖЕН ЧИСКЕЈК…Од едноставни состојки, а има неопислив добар вкус…Сите го бараат овој рецепт…Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г смрзнати малини,
80 г шеќер,
30 г скроб/нишесте/густин,
сок од 1 портокал (или друг овошен бистар сок),
1 пакување пишкоти,
150 г крем сирење (младо несолено сирење по избор),
50 г шеќер во прав,
150 мл слатка павлака,
15 г какао во прав,
рендано чоколадо за декорација
ПОСТАПКА:
1.Малините заедно со шеќерот и скробот измешајте ги во едно тенџере и варете со непрекинато мешање додека да згусне.
2.Во помал калап наредете пишкоти кратко натопени (премачкани) во сок од портокал, распоредете го сосот од малини, па наредете втор слој од пишкоти.
3.Крем сирењето пенасто изматете го со шеќерот, па додајте ја павлаката и соединете со миксер. Додајте какао во прав и измешајте со лажица.
4.Распоредете го кремот врз пишкотите, одозгора изрендајте чокиоладо и оставете го колачот 1 час во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.