Лазања за добро расположение – подготвена за 10 минути
Едноставна, кремаста и нежна, зелената лазања со спанаќ и рикота е вистински лек за душата. Се подготвува брзо, без компликации, а резултатот е топол, утешен оброк кој носи спокој и задоволство во секој залак.
Понекогаш среќата е токму во овие мали ритуали – во мирисот на печена рикота и во тивкото уживање додека јадете, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки (за 4 лица)
300 г замрзнат спанаќ
500 г рикота сирење
250 г свежи лазањи (кои не бараат претходно варење)
200 г рендан пармезан
6 тенки парчиња кашкавал
НМД
екстра девствено маслиново масло
сол по вкус

Постапка
1. Во подлабок тиган ставете го замрзнатиот спанаќ заедно со малку маслиново масло, прстофат сол и неколку лажици вода. Загревајте на средна температура додека спанаќот омекне и целосно се одмрзне (околу 4–5 минути).
2. Додајте ја рикотата директно во тиганот (не е потребно да го цедите спанаќот). Промешувајте додека да добиете хомогена, кремаста смеса. Пробајте и по потреба досолете.
3. Изберете правоаголна или квадратна тава со средна големина (за 4 лица). На дното нанесете тенок слој маслиново масло.
4. Редење:
– Ставете еден слој свежи лазањи (ако користите суви, кратко сварете ги за да омекнат).
– Премачкајте со 2–3 лажици крем од спанаќ и рикота.
– Посипете со рендан пармезан.
Повторете го овој редослед уште три пати (вкупно 4 слоја тестенини).
5. На последниот слој ставете ги парчињата кашкавал и обилно посипете со преостанатиот рендан пармезан.
6. Печете во загреана рерна на 180 °C (со вентилатор) или 200 °C (без вентилатор) околу 30 минути, додека површината стане убаво златна.
7. Извадете ја лазањата, оставете ја да отстои 5 минути, па исечете и послужете топла.
Уживајте во секој залак и дозволете си момент на мир – сè друго може да почека. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












