Брзо и едноставно предјадење кое освен што е декоративно, исто така е многу вкусно, па колку и да направам, секогаш прво се потрошува од трпезата, а гостите ми бараат уште и секако, рецепт. Па, еве го рецептот:
Потребни состојки: 150 г шунка, 150 г некое сувомеснато (во рецептот – свинска пастрма/печеница/пршута), 4 варени јајца, 20 г копар, 3 г лук во прав, 300 мл кефир или јогурт, 15 г сенф, 35 г растопен желатин, 10 г сол, 100 г кисели крастравички
Постапка: шунката исечкајте ја на ситни коцкички, а потоа и сувомеснатото по избор. Киселите краставички исечкајте ги поситно, како за руска салата, а потоа и варените јајца.
Сите исечкани продукти ставете ги во еден подлабок сад, па додајте сол, лук во прав, сенф и јогурт. Добро промешајте за да се изедначат состојките, а на крај додајте растопен желатин.
Желатинот прво растворете го со вода според упатството на кесичката, а потоа растопете го на тивок оган или во микробранова. Добро промешајте. На страна исечете го врвот на едно пластично шише.
Целата приготвена смеса со помош на кутлачата префрлете ја во пластичното шише и оставете го во фрижидер еден час за да се олади и стегне.
Потоа „саламата“ извадете ја од шишето и сечете ја на тркалца со дебелина од 1 см или по ваша желба. Проследете го и бонус рецептот:
Потребни состојки за бонус рецепт: 150 г димени пилешки гради, 150 г шунка, 4 варени јајца, 1 китка свеж копар, 15 г сенф, 10 г сол, 3 г лук во прав, 300 мл кефир или јогурт, 35 г растопен желатин.
Постапка: димените пилешки гради исечкајте ги на ситни коцки, а потоа и шунката. Варените јајца исечкајте ги исто како и во претходниот рецепт. Една китка копар исечкајте колку можете поситно.
Состојките измешајте ги во подлабок сад. Додајте ги сите зачини, сол, сув лук, сенф и на крај прелијте со јогурт. Промешајте и додајте го растопениот желатин, па уште еднаш измешајте за да се изедначат состојките.
Постопете исто како и претходно: смесата складирајте ја во пластично шише на кое претходно сте му го отсекле врвот, покријте го одозгора со фолија и оставете да се лади во фрижидер еден час.
Целата постапка од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.