Брз кремаст колач, едноставен за правење. Го праќам со години и никако да ми здодее : – ) Се надевам дека и вам ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
2 лажици какао
1 прашок за печиво

За преливање на кората (и не мора):

1 шолја (од 200 мл) шеќер
1,5 шолја вода

За крем 1:

2 пудинг од ванила
6 лажици шеќер
700 мл млеко
200 г путер/маргарин
100 мл изматена слатка павлака
1 ванилин шеќер

За крем 2:

2 шлаг креми од чоколадо
250 мл млеко
За украс: рендано чоколадо

Постапка:

Жолчките изматете ги со шеќер, па додадете брашно, прашок за печиво и какао, измешајте и на крај полека додадете снег од белки. Печете во плех 30х25 см.

Во меѓувреме сварете го сирупот за преливање (доколку не сакате прелиени колачи, овој чекор прескокнете го, а кората испрскајте со малку млеко). Печениот колач полијте го со топол сируп.

брз кремаст колач

За крем: пудинзите сварете ги на вообичаен начин со шеќер и млеко. Кога ќе излади пудингот додадете изматен путер и изматена слатка павлака и ванилин шеќер. Соединете ги.

За крем 2: изматете шалг креми според упатството на кесичката со 250 мл млеко. Колачот премачкајте го и добро изладете го (барем неколку часа) за да се стегнат кремите.

брз кремаст колач