Фото и рецепт: Тања Трајковска

Потребни состојки:

500 г пилешки стек
200 г солени печени кикирики
100 г сусам пропжен малку
кисела павлака и мајонез по желба

Постапка:

Пилешкото месо се динста/вари, во водата се додава малку сол. Откако ќе се свари, се трга на страна малку да подизлади, па се цеди и се сече на ситни коцки.

Кикириките ако не се печени, малку навлажнете ги, измешајте ги со сол и една лажица пченкарно брашно, па исечете ги. Оставете ги да изладат па исечкајте ги. Доколку сте ги купиле солени и пржени, тогаш само исечкајте ги.

Сусамот во сува тава малку пропржете го колку да пушти мирис.

Сите состојки измешајте ги, па додадете кисела павлака и мајонез по желба. Јас ставив повеќе кисела павлака а помалку мајонез, за да не биде “прејака” и да биде освежителна, но тоа секој по желба си го прави. Пред послужување добро изладете ја салатата.

Ладна салата со пилешко (Фото и рецепт: Тања Трајковска)

Ладна салата со пилешко (Фото и рецепт: Тања Трајковска)