Салатите се омилените зимски предјадења кои се послужуваат на претстојните слави и празници. Од рyска, до пилешка, компирова, Мимоза, Урнебес и многу други кои се наоѓаат во тефтерчињата на домаќинките, сепак меѓу првите места зазема ладната салата со пченка, која сите ја обожаваат.
![]()
![]()
![]()
![]()
Една читателка по има Валентина вели дека пченкарната салата прва се изедува на славската трпеза. „Од моето досегашно искуство, секоја година ја правам салатата со пченка и гостите ми ја јадат прва. Оттогаш си научив дека треба да ја правам во тројна количина.“ Во продолжение може да прочитате три рецепти за пченкарна салата, сите се превкусни, испробано.
![]()
![]()
![]()
![]()
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кесичка слатка пченка, 1 големо парче бело месо, 300 г шунка или пилешки гради, 300 г чадено сирење, 1 павлака, 200 г мајонез, 1 лажичка сенф, сол и црн пипер по вкус.

ПОСТАПКА: Белото месо сварете го и исечкајте го на коцки. Додајте ја варената пченка, шунката исечкана на коцки и чаденото сирење. Посолете и зачинете со црн пипер по вкус. Во целата смеса додајте една павлака (мало пакување од 180 г), 200 г мајонез и 1 лажичка сенф.
![]()
![]()
![]()
![]()
Фино измешајте и оставете ја салатата во фрижидер да се стегне околу 30-тина минути и потоа декорирајте ја по желба со сечкана ротквица. Ова е салата без која ниедно големо дружење не може да помине без неа во нашиот дом. Кој и да ја проба сите се воодушевени, бидејќи чаденото сирење ѝ дава посебен вкус. Следи вториот рецепт:
![]()
![]()
![]()
![]()
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г слатка пченка, 100 г кисела павлака, 200 г мајонез, 200 г шунка, неколку кисели краставички, малку праз. ПОСТАПКА: Сварете ја пченката, исплакнете со ладна вода и добро исцедете ја.

![]()
![]()
![]()
![]()
Се мешаат павлаката, мајонезот, шунката исечкана на коцки, ситно сечканите кисели краставички и малку ситно сечканиот праз, посолете по вкус и на крај додајте ја исцедената и изладена варена пченка. Сè добро измешајте, изладете и послужете.




РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 мали клавчиња пченка, 1/4 шолја мајонез, 1/4 шолја павлака, 1/2 чаша рендан кашкавал (може и сирење). Од зачини: сол, црн, црвен пипер, чили (опционално), магдонос за наросување. Се користи шолја од 150 мл.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Сите клавчиња пченка завиткајте ги одделно во алу-фолија и ставете да се испечат во рерна околу 15 минути, или на скара додека да потемнат. Претходно може да ги посолите, но и не мора, во салатата се додава сол.
![]()
![]()
![]()
![]()
Испечените клавчиња исечете ги на зрнца и директно префрлајте ги во еден подлабок сад каде што ќе го подготвите остатокот од салатата. Доколку немате клавчиња, може да користите замрзната пченка, 2-3 пакувања. Во тој случај, сварете ја пченката како што е посочено на пакувањето (се вари околу 5-10 минути), а потоа се процедува од водата.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во пченката, додека е уште врела може да додадете малку путер, за уште покремаст вкус. Додајте го мајонезот, павлаката, а потоа зачинете по вкус со сол, црн и црвен пипер, а може да ставите и мексикански зачини или лут сос, доколку го сакате тој вкус.
Салатата се меша, а потоа се додава ренданиот кашкавал и сите состојки се соединуваат. Кога е спремна, може да ја префрлите во елегантен сад и убаво да ја распоредите, а одозгора наросете ја со ситно сечкан магдонос.





































