Честопати си мислиме дека некоја здрава намирница е доволно да ја изедеме или консумираме како суплемент, па дека ќе направи чуда.
Она што го забораваме е дека за многу намирници постои правилен начин на кој треба да се консумираат за да можеме навистина да ги почувствуваме нивните ефекти.
Следниот пат кога ќе сакате да го зајакнете својот организам или да се изборите со некое воспаление, веројатно ќе посегнете по куркума, но имајте на ум дека оваа состојка се користи на специфичен начин за да се добијат саканите ефекти.
Имено, куркумата секогаш треба да се комбинира со некоја маслен продукт, бидејќи куркуминот (лековитата супстанција) е растворлива во масти и го постигнува своето дејство. Исто така, би требало да се загрее и да се комбинира со црн пипер кој го зголемува неговото дејство и до 1000 пати.
ЗЛАТНАТА ПАСТА ОД КУРКУМА Е ОДЛИЧЕН ДОДАТОК НА ЈАДЕЊАТА И ЧАЈОТ
Главната состојка на „Златната паста“ е куркумата или индискиот шафран, суперзачин со противвоспалителни, антиоксидативни и детоксикациски својства. Позната е и како природно средство против болки. Со оглед на тоа што нашето тело тешко ја апсорбира куркумата, во „Златната паста“ додадете масло и црн пипер кои ќе помогнат да се апсорбира зачинот.
СОСТОЈКИ ЗА ЗЛАТНА ПАСТА
125 мл куркума во прав
250 мл вода
1 ½ лажичка мелен црн пипер
70 мл девствено маслиново или кокосово масло
ПОСТАПКА:
1.Во водата додадете куркума па ставете на тивок оган и мешајте околу 6-10 минути, додека да добиете густа паста.
2.Ако ви се чини дека пастата е премногу ретка, тогаш додадете уште малку куркума, а доколку е прегуста тогаш разредете со вода. Пастата мора непрекинато да биде на тивок оган и не смее да проврие бидејќи состојките ќе ги изгубат своите лековити својства.
3.На крајот додадете црн пипер и масло. Продолжете со мешање за да се поврзат добро состојките.
4.Тргнете ја пастата од оган и оставете да излади. Пастата можете да ја чувате во тегла во фрижидер каде може да стои и до 2 седмици, бидејќи нејзиното дејство се намалува после овој период.
УПОТРЕБА:
-Ако се користи како додаток на јадењата, „Златната паста“ се додава дури при крајот на готвењето, за да можат хранливите својства максимално да се сочуваат. Особено одлично ги дополнува вкусовите на јадењата со грав.
-Може да се користи и како чај: една мала лажичка се додава во топла вода, се промешува, се додава и една лажичка мед или засладувач по желба.
-Се додава во сокови.
-Една лажичка од пастата се додава во зеленчукови супи, варива или крем чорби.
-Се додава и во варен ориз и зеленчук за подобрување на вкусот.
-Може да се употребува во растително млеко како „Златен напиток“.