Фото и рецепт: Јасмина Лазаревиќ
Потребни состојки:
600 г брашно
250 мл млако млеко
100 мл вода
2 лажички шеќер
30 г квасец
1/2 прашок за печиво
100 мл масло
1 лажичка сол
100 г путер (+) за премачкување на корите
Постапка:
Се активира квасецот и се замесува меко мазно тесто и се остава на топло околу половина час.
Се дели на 4 помали топки, секоја топка се расукува, се премачкува со путер, се филува со сирење или по желба, па се витка во ролат. Со тацна се сече цик-цак.
Се премачкува со жолчка и се наросува со сусам и ленено семе.
Се остава малку да кисне па се пече во загреана рерна на 200 степени додека да добие убава боја.
Фото и рецепт: Јасмина Лазаревиќ