Home Народна медицина Многу ефикасен АНТИБИОТИК ВО ТЕГЛА против настинки, грип и кашлица…

Многу ефикасен АНТИБИОТИК ВО ТЕГЛА против настинки, грип и кашлица…

Купив органски лук од село и направив многу ефикасен АНТИБИОТИК ВО ТЕГЛА против настинки, грип и кашлица…За овој рецепт потребен ви е органски лук кој не е прскан и не е модифициран, ниту третиран. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10-тина главици лук
1 лимон
тегла од 700 мл
200 мл јаболков оцет
2 супени лажици домашен мед

ПОСТАПКА:

Органскиот лук има корен и може малку да е изртен. Отстранете го коренот и исчистете го од горните лушпи. Ставете го во сад со вода колку кратко да се исплакнат. Лимонот добро измијте го и исечете го на тркалца сосе кора.

Теглата наизменично наполнете ја со лук и лимон, па залијте ја до врв со оцет во кој сте раствориле мед. Добро затворете ја теглата и чувајте ја на темно и ладно место 15 дена.

УПОТРЕБА: Лукот можете да го јадете така, по едно чешне наутро на гладно или да го користите во салати. Од течноста пијте по 1 супена лажица растворена во чаша млака вода, наутро на празен стомак. Постапката погледнете ја ОВДЕ: