Фото и рецепт: Зорица Пирганоска

“Ние во Куманово правиме татлија, тоа е посен колач, но сосем поразличен од ресенската”.

Потребни состојки:

500 мл масло

400 мл пиво или бело вино

2 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

1 прашок за печиво

200 г гриз

1 лимон – кора

100 г мелени ореви

Брашно по потреба (околу 800 г +-)

Постапка:

Се меси средно тесто не многу меко. Се наросува гриз на работна површина и убаво се меси за да се добие компактно тесто.

Се расплескува тестото во тркалезно и намастено тавче бр.36 и се сече како на сликата.

Се одмора околу еден час, се наросува со сечкани ореви и се украсува со виљушка. Се пече на средна температура, јас печам на 150 степени околу еден час да добие златна боја.

Се остава да излади, па се вари шербет од 1 кг шеќер и 1 литар вода да врие 15-тина минути.

Се попарува врел шербет со ладна татлија.

Се покрива со алуминиумска фолија за да се впие шербетот и се остава да излади.

Ова е стар рецепт од тетратката на мајка ми.

Фото и рецепт: Зорица Пирганоска

Од Македонска кујна, некогаш и денес