КУГЛОФ ЗА 5 МИНУТИ…Вкусно и многу едноставно…се топи во уста…Ако имате 2 лимони, не пропуштајте го овој рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 22 см, се мери со чаша од 250 мл):

3 јајца
150 г шеќер (3/4 чаша)
130 мл масло (1/2 чаша)
120 мл вода (1/2 чаша)
рендана кора од лимон
сок од 2 лимони
300 г брашно (2,5 чаши)
1 кесичка прашок за печиво 15 г
се пече 35-40 минути на 175C

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со шеќерот, па додека мешате додавајте масло, па вода, кора и сок од лимон. Потоа на неколку наврати додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и мешајте да нема грутчиња.

2.Калапот прво добро намастете го со путер, па сипете ја смесата и израмнете. Малку потчукнете го калапот.

3.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени, 35-40 минути.

Кога ќе подизлади извадете го од калапот и посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.